апстрахира
апстрахираат; апстрахирајќи
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 20688
1.
Оддели, одделува, издвои, издвојува; групира одделно за да се добие заклучок за нешто, оттргне, оттргнува нешто од целост.
Примери:
Тој ги апстрахираше примерите кои ја потврдуваат оваа појава.
2.
исклучи, исклучува
Англиски:
exclude
Албански:
përjashtoj
Кога ја донесуваше пресудата, тој ги апстрахираше сопствените чувства.
Човекот има способност да го апстрахира начинот на своето сопствено постоење.
Слично со:
исклучи (св.)
3.
(се апстрахира) Се оддели, се одделува, се издвои, се издвојува.
Примери:
Можеби би било најдобро од соодветните забелешки да се апстрахираат определени значења.
Слично со:
оддели (св.)
4.
(се апстрахира) Се исклучи, се исклучува од стварноста и го насочи, насочува своето внимание само кон нешто.
Англиски:
exclude
Албански:
përjashtoj
Додека го создава уметничкото дело, тој се апстрахира од сѐ околу себе.
Изведенки
апстрахирање ср.
глаг. им.
глаг. им.